![juncker-rajoy-16](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/juncker-rajoy-16.jpg?resize=640%2C304&ssl=1)
Европската комисија по долгото молчење во понеделникот го повтори својот став дека референдумот за независност на Каталонија не е во согласност со шпанскиот устав и одби да каже кој е одговорен за насилствата, а повика на дијалог и најави разговор на нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер со шпанскиот премиер Маријано Рахој.
„Референдумот според шпанскиот устав не е легален“, рече портпаролот на вропската комисија, Ммаргаритас Шинас во изјава за новинарите. Додаде дека каталонското прашање е „внатрешна работа на Шпанија“.
„Меѓутоа, надвор од правните аспекти, Комисијата смета дека е време за единство и стабилност“, изјави портпаролот на ЕК на прес-конференцијата.
„Веруваме дека премиерот Маријано Рахој владее со ситуацијата“, рече Шинас и најави дека подоцна во понеделникот претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер телефонски ќе разговара со шпанскиот премиер.
Европската комисија, исто така, оценува дека е време „од судири да се мине на дијалог“, како и дека „насилството не може да биде политички инструмент“, но одбива да каже кој е одговорен за насилствата од неделата во коишто според последните податоци од понеделникот ширум Каталонија се повредени повеќе од 900 луѓе.