ЕК негира дека фон дер Лејен е кандидатка за генерален секретар на НАТО

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен не е во игра да биде следниот шеф на НАТО, изјави во саботата портпарол на комисијата за германската новонска агенција DPA.

„Извештаите во британскиот весник The Sun се неосновани шпекулации“, рекол  портпаролот во одговорот на прашањето на агенцијата.

Британски The Sun, цитирајќи неименуван дипломатски извор, објави дека Фон дер Лајен е во трката за наследник на актуелниот шеф на Алијансата, Јенс Столтенберг, а функцијата би требало да ја преземе од октомври.

Британскиот весник, исто така, објави од свои извори дека британската Влада ќе стави вето на назначувањето на Фон дер Лајен, врз основа на согледани грешки за време на нејзиниот мандат како германска министерка за одбрана.

Мандатот на Столтенберг беше продолжен до 30-ти септември 2023 година од март минатата година пред да истече негговиот мандат, непосредно по почетокот на руската инавазија во Украина. Норвежанецот ја извршуваше челната функција во НАТО речиси девет години, а мандатот му беше продолжен трипати.

Неодамна од Алијансата ги отфрлија нагаѓањата дека мандатот на 63-годишниот Столтенберг би можел повторно да биде продолжен поради конфликтот во Украина. Во меѓувреме, дипломати од сојузот истакнуваат дека тоа може да остави впечаток дека НАТО не може да се договори за нов прв човек на организацијата.

Германскиот весник Welt am Zontag неодамна објави дека меѓу кандидатите за нов генерален секретар на НАТО се и актуелниот британски министер за одбрана Бен Валас и шпанскиот премиер Педро Санчез. The Sun го споменува и актуелниот британски премиер Риши Сунак, а како кандидати се споменуваат и естонската премиерка Каја Калас и канадската министерка за финансии Кристија Фриланд.