ЕК покрена постапка против Германија поради одлука на Сојузниот уставен суд

Европската комисија во средата започна правна постапка против Германија во врска со кршење на темелните начела на правата на Европската унија, особено на принципот на надреденоста на европското законодавство над националното.

Европската комисија ѝ упати официјална опомена на Германија, што претставува прв чекор во покренувањето на правната постапка, поради тоа што германскиот Сојузен уставен суд го доведува во прашање правото на Европската централна банка (ECB) да купува обврзници, а што го одобрил Судот на Европската унија.

Службеното опоменување е упатено поради кршењето на основните принципи на правото на ЕУ, особено начелото на автономијата, надреденоста, делотворноста и воедначената примена на правото на Унијата, како и поради почитувањето на надлежноста на Судот на Европската унија.

Германскиот Сојузен уставен суд на 5-ти мај 2020 година донесе пресуда за програмата на купување на обврзници во јавниот сектор (PSPP) на Европската централна банка (ECB), прголасувајќи го „ултра вирес“, односно дека ECB дејствувала надвор од своите законски овластувања.

Вп истата пресуда германскиот Уставен суд, исто така, ја прогласи пресудата на Судот на ЕУ за „ултра вирес“, нез враќање на предметот пред тој суд. Оттаму, германскиот пресудата на Судот на ЕУ ја лиши од правно дејствие во Германија, со што според ЕК го прекршил принципот на надреденоста на правото на Унија.

„Комисијата смета дека пресудата на германскиот Уставен суд преттавува сериозен преседан, како за идната практика на саиот германски Уставен суд, така и за врховните и уставните судови на другите држави членки на ЕУ“, се наведува во објавата на ЕК.

Германија сега има рок од два месеца за да одговори на забелешките на Европската комисија.