ЕК предложи „ковид пасош“ за слободно движење

Европската комисија во средата предложи воведување „дигитална зелена потврда“ таканаречена кови-пасош, за слободно движње во рамките на Европската унија во време на пандемијатата на коронавирусот.

Овој ковид пасош ќе содржи податоци дали лицето е вакцинирано против коронавирусот, дали стекнало имунитет по прележаната зараза или има негативен ПЦР тест.

„Функцијата на овој сертификат е да потврди дали лицето е вакцинирано, дали има негативен тест или дали закрепнува од Covid-19 и има антитела, изјави пред новинарите претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Додаде дека податоците од „ковид пасошот“ ќе бидат признати од сите земји членки.

„Целта на потврдрата е да овозможи слободно движење на безбеден начин“, нагласи фон дер Лајен.