10.8 C
Skopje
петок, ноември 22, 2024

ЕК утре го одобрува договорот за набавка на вакцини од „Модерна“

Европската комисија утре ќе одобри уште еден договор за набавка на 160 милиони дози вакцини од Модерна, објави денеска претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

„Задоволство ми е да објавам дека утре ќе одобриме нов договор за набавка на уште една вакцина против ковид -19“, рече фон дер Лајан.

Ова е шести договор потпишан од Комисијата за земјите-членки со фармацевтски компании за набавка на вакцини против ковид-19.

Фон дер Лајен рече дека работат на уште еден, седми договор, нагласувајќи дека ЕУ ќе има најголемо портфолио на вакцини во светот, што ќе биде достапно кога ќе поминат низ процесот на детална верификација на Европската агенција за лекови.

Таа додаде дека вакцината е најефективниот начин да се запре пандемијата и затоа првиот приоритет е брзо да се вакцинираат, додека вториот приоритет е да се осигура дека вакцината е достапна за сите во светот. Европската унија веќе даде голем придонес во обезбедувањето доволен број дози на вакцини за посиромашните земји.

Американската компанија Модерна минатата недела објави дека експерименталната вакцина на која работи е 94,5 проценти ефикасна против ковид-19. Ова тврдење се заснова на најновите податоци од последната фаза на клиничкото испитување.