Екипите на Град Скопје на терен за санација на последиците од невремето

Сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје во моментов интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде се појавија поплавувања по невремето кое го зафати градот и се уште трае, информираат од Град Скопје.

Воедно, апелираат до граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот.

Во меѓувреме, по добиеното известување од  Градоначалникот на Град Скопје, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје апелира до граѓаните кои со своите патнички возила  се  заглавени  на некои од поплавените критични места да останат во своите возила додека се повлече водата и да ја почекаат помошта од соодветните стручни лица од Јавните претпријатија на Градот.