Почеток со „Абдалите“ ОД СДСМ И МРТВ
Кој во клин, кој во плоча околу анкетите. „Абдалите“ од СДСМ викаат анкетите се наместени и лажни. Добро! Дајте ги „оригиналните“. Ама ги имате или ги немате? А, кога анкетите на „абдалите“ од СДСМ не беа точни тоа било грешка и политички инжинеринг од страна на другиве.
После седум години разбрале дека раководството на МРТВ, кое е рамно на нив како „абдали“ сака да се прешалта на другата страна. И затоа јас вака ги доживувам СДСМ. Добиле шамарчина и викаат: БОЛИИИИ, а од другата страна анкетарски им викаат: НЕМА БОЛИ, НИЕ СМЕ НАЈБОЉИ.
Лепотаниве „абдали“ од МРТВ ги предупредив на 19-ти Јануари 2024 година, да внимаваат зошто сите аргументи се против нив и дека се однесуваат како мала група на која и додадоа надимак „клептомани“. Кога Васко Ефтов ќе засвири на флејта мечката веќе е во вашиот двор „абдали“ од МРТВ.
Во прилог на овие претседателски избори би сакал да им поставам на кандидатите две прашања и да ги информирам за економската катастрофа која надоаѓа од арбитражните судови кои пресудија во корист на нашите стратешки партнери, на кои пак не им е јасно како Македонија е заложник на некои заведени личности од одредени центри на моќ и истиве кандидати не ги препознаваат и директно не ги нотираат проблемите кои се наметнати, а кои може да стигнат да платиме ние како граѓани 10 милијарди евра отштета за интерес од 5 минути на медиум. Малку подоле за ова.
Да започнам со двете прашања, а се во контекст на патриотизмот дека идентитетот е загрозен или зацементиран.
За идентитетот кога се разговара мора да се даде одговор на овие две прашања:
- Како ќе се справи новиот претседател на Македонија со наративот „Блгарска песен от Македонија, Зајди Зајди јасно сонце“?
- Како ќе се справи новиот претседател на Македонија со проблемот што спортските канали АРЕНА СПОРТ, СПОРТ КЛУБ, ЕУРОСПОРТ итн. не’ сметаат за нивна српско-хрватска лингвистичка спрдачина, ташлачина и кркачина?
А, уште попатриотски е дали некој од нашиве кандидати за претседател на Македонија ги знае следниве информации:
- Под земја имаме 25 милијарди првична металична руда – бакар, злато итн. и со квалитетен научен пристап можеме да дојдеме до преработувачка индустрија со целосен производствен и извозен капацитет од 70 милијарди евра;
- Поради Еколошките „говнарии“ и лекомислените фејсбук политичари и новинари се најдовме во ситуација во којa конечно не’ стигна клетвата дека нема да имаме ужасен крај, туку ужас без крај и тоа финансиски и ќе ни биде воведено робовладетелскко и феудално општество токму од нашите „екологисти“ по нарачка, со нивните „говнарии“ врз сите граѓани на Македонија.
Со огромно жалење морам да ги информирам кандидатите на Република Македонија дека ни се подготвува економски колапс, кој е поврзан со сите дејанија кои ги превземаат т.н. екологисти. Мора нашите кандидати, или за мене сите претседатели, кога се уважиле да се кандидираат и да ја бараат довербата на граѓаните, да бидат категорични против злото што ни го наметнаа странски службени лица од бизнисот и разузнувањето дека биле многу загрижени за здравјето на нашите сограѓани од различните краишта каде има металична руда. Се’ со една цел. Сакаат да ја украдат рудата! Еве како попрецизно да Ви соопштам со аргументи. Еве дел да споделам.
Ниту еднаш никој не ги праша, освен јас, стручните лица од најеколошкото државно претпријатие „Македонски Шуми“ за начинот на новиот прираст на шуми при нивна сеча во корист на рудници, или пак хидроцентрали. Само да напоменам дека два пати се наплаќа.
Рудник Казандол
Каков пораз имаме доживеано, а сеуште не сме свесни. Го изгубивме спорот со фирмата носител со затворање на Рудникот Казандол на катоден бакар. Почитувани кандидати само да Ви напоменам дека тужбата е од 2019 година кога бакараот е 4.500 илјади евра по тон, а денес е 8.546 илјади евра по тон. Казната достигнува до 700 милиони евра.
Фирмата носител ги има изгубено другите концесии за експлоатација на бакар од државата, ама големиот научник и академик Блажо Боев си напишал стратегија за бакарна руда, каде има само еден рудник – Бучим (сопственост на РУСИЈА), а сите други се наоѓалишта, и преку неговиот газда, а овој момок на Николајчо Николов, само старите рудници можеле да се шират. За нови нема место.
Со Рудникот Казандол имаше недвосмислен договор да се инвестираат во првите 5 години стипендии во вредност од 75 илјади до 150 илјади евра, годишно, за следниве типови на студенти: Рударско-Геолошки, Екстрактивна Металургија, Медицина и Земјоделие.
Едниот рудник за кој повторно ќе изгубиме на арбитража е Петрошница. Ама прво за…
Рудник Иловица
Рудникот Иловица е 12 пати поголем од рудникот Казандол. Денес се соочуваме со расплет дека може да тргнат во нова судска авантура која Македонија може да ја чини околу 8,5 милијарди евра. Рудникот Иловица е рудник за Македонија во сите правци. Само за една година мора да финансира 430 милиони евра директно во Струмица. Мора да донесе струја од беровскиот крај 60 километри, кои чинат десетици милиони евра. Во координација со нашите научници, се сложија дека нема да има брана со вода висока 270 метри, туку напротив ќе користи сува постапка како во рудникот за злато Генесис.
Рудникот Петрошница е два пати поголем од рудникот Иловица. За сите поединости со релевантни информации, пред се’ околу животниот стандард и развојот на земјоделието, околу Рудникот Иловица и другото рударство ќе доставувам информации преку наредните колумни.
Јавно ги повикувам сите кандидати за претседатели на Македониија прво да разговараат разумно со оние кои разбираат технолошко-металуршки-машински и електротехнички науки, плус градежништво, геологија, медицина итн.
Ако јас лажам за она што ни следува на арбитражните судови слободно да ми повикате тројца луди манијаци од „Monster C..K“, ама ако сум јас во право сите оние кои направија Еколошки „Говнарии“ со тапа секира да им ги сечам вишокот од нокти на рацете и нозете. Па, сеа каде удрам нема жалење.
Да живее Македонија!
Некорумпиран Колумнист Виктор Грозданов.
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес