Економијата на САД во третото тримесечје пораснала со најбрзо темпо во изминатите две години

И покрај прогнозите за претстоечка рецесија американската економија во третото тримесечје годинава растела со најбрзо темпо во изминатите речиси две години покажувајќи ја својата отпорност.

Бруто домашниот производ (БДП) на САД во третото тримесечја пораснал за 4.9 отсто, соопшти денеска Министерството за трговија на САД. Во второто тримесечја пак економијата пораснала за 2.1 отсто.

Аналитичарите очекуваат економската силина на САД да се соочи со предизвици. Зголемените каматните стапки, војните во Украина и на Блискиот исток и можностите од делумна блокада на владата (shutdown) идниот месец, како и продолжителните работнички штрајкови се фактори што можат да предизвикаат економски процепи.

Од министерството укажаа дека во текот на летото Американците активно трошеле на такви работи како посета на популарни концерти и филмови во кино. Одржливата потрошувачка се должи на силниот пазар на трудот и заштедите акумулирани по владината помош за време на Ковид-19 пандемијата и одржувањето на минимум на каматни стапки за станбнени кредити.

Можеби ќе биде тешко да се одржи растежот. Орочувањето на десетгодишна американска хартија од вредност достигна 5 отсто, за прв пат во 16 години. Тоа влијае на трошоците за заем на станбени кредити, кредитни картички, кредити за коли и бизнис, што може да ја намали изнанедувачки отпорната економија.

За да се справи со инфлацијата, американската централна банка Федералните резреви (Federal Reserve – Fed) ги подигна каматните стапки до 5.5 отсто во јули, највисоко во 22 години. Инфлацијата се заузда – растот на цените на храната и енергијата пораснала за 2.4 отсто, речиси постигнувајќи ја целта на Фед од 2 отсто.

Банката најави дека има планови два пати да ги намали каматните стапки во 2024 година, за стабилизација на берзите и можно засилување на куповната моќ на оние кои сакаат да купат свој дом.