За седум проценти на глобално ниво, или мерено во бројки 1.300 луѓе ќе ги изгубат своите работни места во реномираната британска мултинационлана компанија „Економист“, како последица на пандемијата на Ковид-19, кој го зафати светот од почетокот на годинава.
Конкретно, според најновата одлука на менаџментот на Економист, списанието за култура „1843„, ќе биде само во електронска форма, што е резултат на негативното влијание на корона вирусот на светскиот пазар на печатени медиуми.
Во „Економист“ своите работни места ќе ги задржат уредниците, но дел од нив доброволно одлучија да им бидат намалени платите, што е една од мерките на штедење на компанијата.
Најголем удар ќе доживеат вработените во ТВЦ-Агенцијата за маркетинг на „Економист“, од каде што ќе бидат отпуштени најголем број вработени.