![сокол](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/sokol.jpg?resize=540%2C958&ssl=1)
Инцидент е снимен во населбата Кисела Вода, пред истекот на гласањето на седмите локални избори во Македонија.
Имено, Филип Андов Сокол, актуелен директор на затворот „Шутка“ и поранешен советник на премиерот Зоран Заев, снимен е во обид физички да се пресмета со маж кој е во автомобил.
Според неофицијални информации, на избирачкото место во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода, снемало струја, а заинтересирани граѓани кои се упатиле кон училиштето да видат што се случува биле нападнати од директорот на затворот.