ЕКСКЛУЗИВНО По настаните во тетовската болница, се очекува Артан Груби да поднесе оставка

По настанот што се случи во Тетово каде модуларната болница беше зафатена од пламен и животот го загубија 14 лица, почнаа да паѓаат оставки на директори и државни функционери, пишува ИнфоШкип.ком.

ИнфоШкип дознава од извори кои сакаат да останат анонимни дека се очекува првиот вицепремиер Артан Груби да поднесе оставка од функцијата по трагичниот настан што се случи во Тетово.

Се очекува во следните часови да има официјална потврда од самиот Груби.