Ексклузивен попуст на „Премиум“ пакетот на „Близу“

Телекомуникацискиот оператор „Близу“ денеска  ги промовира бројните новитети во своето портфолио, кои вклучуваат поволности за своите нови и постоечки корисници.

 Пакетот „Премиум“ со три услуги отсега ќе вклучува брзина од 100 Mbps наместо досегашните 50 Mbps и попуст во висина од неверојатни 50 отсто за четири месеци. На тој начин, сите корисници на овој пакет ќе можат да уживаат во неограничен интернет од 100 Mbps, дигитална телевизија со 130 канали со 14 HD канали, фиксна телефонија со дури 600 бесплатни минути вклучени во претплатата, бесплатна опрема и бесплатен CA модул.

Дополнително, сите други корисници на „Близу“ кои сакаат да го надградат својот интернет-пакет, ќе можат да го сторат истото за само 50 денари месечно, добивајќи брзина од дополнителни 5 Mbps на веќе постоечката брзина.

„Повторно имаме одличен почеток на годината, овозможувајќи им поволности на сите корисници – нови и постоечки. Отсега пакетот „Премиум“ во кој вклучивме неверојатни 100 Mbps и кој е најдобрата комбинација на три услуги на пазарот, корисниците можат да го добијат со 50 отсто попуст. Исто така, ги слушнавме желбите на нашите постоечки корисници и овозможивме надградба на интернет-пакетите со дополнителна брзина”, изјави Искра Секуловска, директор на маркетинг во „Близу“.

Од операторот најавија зголемени активности во претстојниот пролетен период, кои истовремено ги опфаќаат како новите, така и постоечките корисници.