Експлодира боца со кислород во болница во Приштина: Пациент заразен со Ковид-19 се здобил со изгореници

Пациент кој се лекувал од Ковид-19 на Клиниката за пулмологија во Приштина, е повреден откако експлодирала боца со кислород, пренесуваат косовските медиуми.

Пациентот, кој бил на кислородна терапија, се здобил со повреди и изгореници на горните екстремитети.

Сведок на настанот изјави за РТК дека тој е на клиниката веќе 12 дена и дека има постојан недостаток на кислород.

Експлозијата, според него, се случила затоа што немало никој да му помогне на пациентот за личните потреби и апелираше до институциите да го решат проблемот со кислородот.