![1000](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/1000-1.jpeg?resize=696%2C464&ssl=1)
Бројот на починатите од новиот тип коронавирус експлодираше во САД каде што во последните 24 часа починале речиси 1.200 луѓе, додека властите во Велика Британија соопштија за зголемување на бројот на смртните исходи за 20 отсто во еден ден, а бројките на починатите и новозаразените во Италија не покажуваат тренд на раст.
Во САД веројатно ќе се остварат стравувањата и земјата ќе стане новиот епицентар на пандемијата. Во последното деноноќие официјално се регистрирани 1.169 починати, што претставува големо зголемување, за третина во однос на четвртокот, и е најголем број на смртните случаи во еден ден во која и да е земја во светот.
Вкупно во Соединетите држави има повеќе од 257.000 заразени. Белата куќа предвидува меѓу 100 и 240 илјади починати.
Само градот Њујорк го имаше најсмртоносниот ден во епидемијата со 562 нови смртни случаи во последните 24 часа, или вкупно 2935 мртви, соопшти гувернерот на истоимената сојузна држава Ендрју Куомо, додавајќи дека бројката се доближува до онаа од 11-ти септември 2001-та и нападите врз њујоршките кули близначки.
Куомо на дневната прес-конференција повика „Њујорк е во криза. Помогнете му на Њујорк“, и предупреди на недостиг од респиратори и болнички кревети повикувајќи ресурсите од целите САД да се насочат кон Њујорк кој стана жариште на епидемијата.
Велика Британија во петокот забележа нов „црн рекорд“ со 684 смртни случаи во последните 24 часа и сега има повеќе од 3.600 смртни случаи.
Големате полска болници, подигната за само девет дена во Лондон, во петокот беше отворена за прием на бранот заболени кој го преплави здравствениот систем во Обединетото Кралство, а поради што во недела на нацијата ќе ѝ се обрати и кралицата Елизабета Втора.
Бројот на новите починати во последните 24 часа во Италија се зголеми за 766, објави во петокот Агенцијата за цивилна заштита, само за неколку смртни случаи повеќе отколку претходниот ден 760. Бројката на новозаразените е малку понизок, и се зголемил за 4.585 во споредба со 4.668 од ден претходно.
Вкупните бројки во Италија во моментов изнесуваат 115.242 заразени и 13.915 починати лица.
Меѓутоа, Италија во петокот го забележа петтиот последователен ден во кој бројот на новозаразените останува меѓу 4.50 и 4.782 лица, што е во прилог на надежите на владата во Рим дека епидемијата го достигнала врвот и дека овие бројки може да започнат да опаѓаат. Италија го забележа најголемиот дневен број на новозаразени на 21-ви март – 6.557 лица.
Бројката на починатите, исто така, последните три дена се движи меѓу 727 и 755, помалку отколку во вторникот кога имаше 838 или минатиот петокот кога имаше рекордни 919 починати.
Во Шпанија, којашто е најпогодената земја во Европа по Италија, бројот на починатите во петокот, како и ден претходно надмина 900 лица, и сега во оваа земја има повеќе од 11.000 смртни случаи. Меѓутоа, како што смета шпанската влада, севкупно гледано ритамот на зголемување на бројот на починатите, хоспотализираните и новозаразентие помалки како да забавува.
Германија во петокот забележа вкуоно над 90.000 заразени и повеќе од 1.200 починати.
Во Германија рестриктивните мерки започнуваат да го забавуваат ширењето на вирусот, велат здравствените власти кои инсистираат дека е потребно тие да бидат задржани и во иднина. Канцеларката Ангела Меркел рече во петокот дека е прерано земјата да го укине ограничувањето на движењето на населението и покрај првичните знаци дека коронавирусот побавно се шири. Дека мерките против ширењето на вирусот почначе да покажуваат ефекти објави и референтниот Институт „Роберт Кох“.
„Во моментов еден заразен со коронавирус заразува едно лице. Само до неодмана едно лице заразуваше и до седум други“, рече директорот на Институтот, Лотар Вилер.
Во пандемијата на коронавирусот починаа повеќе од 40.000 луѓе во Европа, од кои повеќе од три четвртини во Италија, Шпанија и Франција.