
Неколку лица се повредени при експлозија на плинска боца во ресторан во Абу Даби, објави локалната полиција на Твитер.
Како што наведе полицијата, во експлозијата биле оштетени и неколку продавници.
Екипите за цивилна одбрана работат на гаснење на пожарот.
Засега не е прецизирано колку луѓе се повредени во пожарот, ниту колку објекти се оштетени.