Експлозија и пожар во турски магацин за муниција крај Сирија

Низа експлозии одекнаа во петокто во раните утрински часови и во магацин со муниција во турската покраина Хатај, крај сириската граница поради што населението од областа е евакуирано, но нема дојави за настрадани, објави турската телевизија NTV.

Причината за експлоијата која одекнала околу 3 часот утрото по локално време во градот Рејханли во Хатрај сѐ уште не е поната, пренесува телевизијата.

По експлозиајта избувнал пожар во некои делови од магацинот за воена мунициа сместено покрај фудбалско игралиште недалеку од пограничниот град Рејханли, извести службената новинска агенција Anadolu. Главниот автопат од Рејханли кон северот на земјата и другите патни правци во областа се затворени за сообраќај.

Во неделата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави почетокот на нова воена операција против силите на сириските Курди источно до реката Еуфрат, на северот од Сирија и за тоа ги известил Русија и САД. Станува збор за продолжение на претходните вакви операции под кодните називи „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“. Според турски воени извори, акцијата ќе започне по 11-ти август.