Експлозија на рачна бомба во семејна куќа во Куманово

Дваесет и шест годишен кумановец синоќа пријавил во полициска станица дека додека спиел слушнал детонација на терасата од првиот кат од семејната куќа.

Притоа, било скршено прозорското стакло, а била оштетена ролетната и ѕидот. Повредени лица нема.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Од местото биле подигнати фрагменти од бомба-кашикара за вештачење, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.