Во строгиот центар на Куманово во тунелот кој ги поврзува градскиот плоштад со паркинг простор со кој стопанисува приватна компанија, утрово во 04.29 часот се случила експлозија, потврди кумановската полиција, пренесува МИА.
Увидот на СВР Куманово и крим техника сеуште трае.
На местото на експлозијата се забележуваат скршени стакла од петокатницата која е во непосредна близина на настанот.