Доцна синоќа во Сараево одекна силна експлозија, која што ги вознемирила граѓаните.
Експлозивната направа од непознато потекло експлодирала на платото пред Скендерлија, а повредени нема, јавуваат босанските медиуми.
„Експлозијата се случи кај влезот во Ледената сала. Немаме информации за повредени, а предизвикана е материјална штета“, велат од тамошното Министерство за внатрешни работи.
На најблиските продавници им биле скршени стаклата, а повеќе информации ќе бидат познати по увидот кој што го вршел дежурен обвинител.
Синоќа во Сараево немало инциденти.