Четворица турски војници беа убиени и девет повредени откако нивното возило налета на бомба во главно курдскиот југоисточен дел на земјата, на 70 километри од градот Семдинли до границата со Иракм пренесоа агенциите, повикувајќи се на извори од турската армија.
Во одговор на нападот во реонот беа распоредени војници, поддржани од воздух од хеликоптери.
Југоисточна Турција е арена на жестоки борби меѓу турската армија и герилците на Курдската работничка партија од јули минатата година кога беше ставен крај на примирјето меѓу двете земји.