Експлозивна направа фрлена врз рускиот конзулат во Атина

Напаѓачи на мотоцикл фрлиле експлозивна направа, веројатно рачна граната, врз полициската куќарка пред рускиот конзулатот во Атина во петокот рано утрото, потврди полицијата на грчката престолнина.

„Веројатно тоа била рачна граната. Никој не е повреден“, изјавил неименуван полициски офицер за Reuters.

Инцидентот се одиграл ноќта во 3,30 часот по локалнио време, кога две лица на мотоцикл ја фрлиле гранатата во полициската куќарка пред рускиот конзулат во северното атинското предградие Халандри, соопштиле од конзулатот за агенцијата РИА.

Слични напади врз, компании, полицијата, политичари и странски дипломатски мисии се чести во Грција, која има долга историја на политичко насилство. Анархистичките левичарски урбани герилски групи често ја преземаат одговорноста за ваквите напади.

Наоад врз дипломатска мисија во Атина беше забележан и во ноември 2016 година, која исто така две лица на мотоцикл фрлија експлозивна направа врз амбасадата на Франција која е лоцирана наспроти грчкиот парламент. Одговроноста за нападот тогаш ја презема групацијата која се нарекува Организација на револуционерната самоодбрана. Последните години беа регистрирани низа напади врз дипломатски претставништва, но во ниеден случај не беа уапсени осомничени,