Екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо од Турција зависи од Министерството за правда. Палевски, кој е провосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски беше уапсен во Труција, соопшти синоќа на прес-конфренција Оливер Спасовски, министерот за внатрешниработи.
Постапката за екстрадиција треба да ја спорведе Министерството за правда кое треба да го испрати барањето и потребната документација до турските власти за тие да ја спроведат екстрадицијата на Палевски кој беше уапсен по меѓународната потреница која ја распиша македонсото МВР.
Палчо бил приведен во турскиот град Баликесир. Бил уапсен на автопат.