ЕЛ: Победи на Бенфика, Арсенал, Челзи и Валенсија

Фудбалерите на европските фудбалски гиганти Бенфика, Арсенал, Челзи и Валенсија остварија победи во првите средби од четвртфиналните соочувања во четвртокот вечерта во рамките на Лига Европа.

Бенфија во Лисабон го победи Ајнтрахт со 4:2, Арсенал во Лондон го победи Наполи со 2:0, Челзи во Прага ја совлада Славија со 1:0, а Валенсија во шпанската пресметка на гости славеше со 3:1 над Вилјареал.

Бенфика на својот „Луз“ му го нанесе на Ајнтрахт првиот пораз оваа сезона во Лига Европа, но и прв пораз во последните 16 натпревари во сите натпреварувања. Последниот дуел германскиот тим го загуби на 22-ри декември против Баерн во домашното првенство. Бенфика, пак, ја продолжи серијата без домашен пораз во Лига Европа на дури 22 меча, во кои забележа дури 19 победи и три ремија.

Клучниот момент на мечот се одигра во 20 минута, кога гостите остана со грач помалку откако беше исклучен Ивен Н’Дик. Францускиот бек одгрб во канениот простор го турна Гедсон Фернандеш, а англискиот судија Ентони Тејлор му покажа црвен картон и на белата точка. Жоао Феликс беше сигурен реализатор на ударот од белата точка. Ајнтрехт со играч помалку успеа да израмни во 40 минута со голот на Лука Јовиќ. Ова е осми гол сезонава на српскиот напаѓач кој во Ајнтрахт стаса како позајмен играч токму од Бенфика. Но само три минути подоцна повторни Жоао Феликс се запиша во листата на стрелците со удар од 20-ина метри. Во првите десет минути од второто полувреме португласкиот тим постигна уште два гола, прво Рубе Дијас во 50 минита погоди за 3:1, а пет минути подоцна Феликс со својот трет гол вечерваа на Бенфика ѝ донесе голема предност. Во 72 минита Ајнтрахт го постигна и вториот гол со играч помалку, а стрелец беше Гонзало Пасиенса.

Арсенак во Лондон беше подобар со 2:0 од Наполи кој ја продолжи низата неуспеси на Островот. Наполи никогаш нема победено во Англија, а од осумте меча само двапати ремизирал и шест пати беше поразен.

„Топчиите“ поведоа во 15 минута по одлучната акција која со погодок ја заврши Арон Ремзи. Десет минути подоцна за домашните стрелец беше Лукас Тореира, откако Фабиан Руиз му подари една топка. Најдобрата шанска Наполи ја имаше во 73 минуита, кога Зјелински беше одлично проигран од Лоренцо Инсиње но промаши од невозможна позиција.

Челзи со голот на Маркос Алонсо во 86 минута успеа да победи на гости кај прашка Славија. Лондонците така ја продолжија серијата без пораз сезонава во Лига Европа, во 11 мечеви „Сините“ остварија 10 победи и реми.

Во шпанскиот дуел Валенсија на „Ел Мадригал“ го победи Вилјареал со 3:1, постигнувајќи два погодока во судиското продолжение. Гостите поведоа во 6 минута со голот на Гонсало Гуедеш кој беше прецизен откако Андрес Фернандез му одбрани пенал на Даниел Парехо. Домашните израмнија во 36 минута, а погодокот од пенал го постигна Санти Казорла. Победата на гостите им ја донесоа Даниел Вас и Гуиедеш со головите во првата и во третата минута од судиското продолжение.

„Жолтата подморница“ и „Лилјаците“ во европските купови играа и во 2004 година во полуфиналето на Купот на УЕФА, а Валенсија и во двата меча победи со 1:0. Пресуди голот на Миста од пенал во 16 минута од реваншот. Валенсија потоа во финалето со 2:0 го победи Марсеј, освојувајќи го вториот европски трофеј по победата во Купот на куповите во 1980 година.

Реванш дуелите ќе се играат на 18-ти април.

Во полуфиналето, од кое првите мечеви се на 2-ри мај, а реваншите на 9-ти мај, ќе се сретнат победниците од дуелите Арсенал/ Наполи – Вилјареал/ Валенсија и Бенфика/ Ајнтрахт – Славија/ Челзи.