![levandovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/levandovski.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Јамајканската атлетичарка Елејн Томсон – Херах и полскиот фудбалер Роберт Левандовски се прогласени за најдобри спортисти во 2021 година во избор на Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS).
Ова е прва награда во изборот на AIPS за Томсон, која на Летните олимписки игри во Токио освои три златни медали, на 100 и 200 метри, како и во штафетната трка 4×100.
За најдобра екипа во изборот на 529 новинари од 114 држави е прогласена фудбалската репрезентација на Италија, која триумфираше на ЕУРО2020, додека наградата за најдобар прес-центар ја доби Токио 2020.