Владата на вчерашната седница ја разгледа информацијата за состојбата со „11 Октомври– Еурокомпозит“ од Прилеп и ја задолжи компанијата да побара позајмица од компаниите во државна сопственост- ЕЛЕМ и ЕПСО од по 3 милиони денари. Владата истовремено им препорача на двете претпријатија да го обезбедат побаруваниот заем.
Три милиони денари се наменети за линеарна исплата на примања за вработените, а околу 30 отсто од средствата ќе бидат наменети за набавка на репроматеријали и на други потребни средства на компанијата. Остатокот од парите ќе се насочат за тековно одржување на компанијата.
Владата го задолжи вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, во согласност со позитивните законски прописи, во најскоро можно време да најде конечно решение за „Еурокомпозит“.