Македонската пејачка, Елена Ристеска, периодов престојува во Мајами, а оттаму постојано споделува интересни фотографи, но…
Од вчеравечер таа е во центарот на вниманието, кога станува збор за ликовите од македонската поп естрада.
Имено, откако пред неколку месеци ја прекина врската со скопскиот угостител Филип Арсовски, вчеравечер на нејзиниот Инстаграм профил објави фотографија со новото момче.
Иако фотографијата не го открива неговиот лик, односно двајцата се завртени со грб и уживаат во погледот кој им го приредило зајдисонцето, таа со описот под неа многу јасно откри дека станува збор за приказна на нова љубов.
https://www.instagram.com/p/B9mlJEbp5dO/?utm_source=ig_embed
„Ова е почеток на нова ера, на една приказна без крај, приказна за вистинската љубов. Со активирање на твоите сетила и твојата интуиција ќе го најдеш вистинскиот“, напиша Елена.
Таа за Женски Магазин открила и зошто е отидена во Мајами.
„Во Мајами сум поради посебна причина, подобра не можеше да биде. Засега деталите ќе ги задржам за себе. Наскоро ќе објавам за што се работи. Како и да е, премногу сум среќна и возбудена”, изјавила Ристеска за Женски магазин.
Елена и на Инстаграм-стори објави две фотографии со кои објаснува дека станува збор за вистинска љубов, со што ги успокои фановите и истовремено ги направи многу среќни. Она што нѝ преостанува е да почекаме Елена да открие кој е “среќникот“ во нејзиниот живот – кој е оној кој успеал да ѝ го украде срцето.