Елези: Фарски Oстрови е многу незгоден ривал, но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат

Репрезентацијата на Македонија ги започна подготовките за новата сезона во Лигата на нации, a прв натпревар за нашата најдобра селекција е Фарски Острови.

Фудбалерот на Бохум, Агон Елези вели дека целта за Македонија е првото место во групата.

-Мило ми е што повторно сум дел од репрезентацијата. Во тимот владее позитивна атмосфера. Нашата цел е првото место. Почеток на сезона сме и сите момци се максимално спремни и се желни за добар резултат. Во модерниот фудбал нема добиени натпревари пред време. Фарски острови е многу незгоден ривал. Мора да се прилагодиме на нивната подлога (вештачка трева), но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат. Македонија во оваа група цели кон првото место со оглед на нашиот квалитет имаме право да веруваме. Но, тоа треба да го покажеме на теран, изјави Елези.

Фото: ФФМ