Елиф Елмас, капитен на Наполи (ФОТО)

Елиф Елмас не е стандарден првотимец на премиерните натпревари од Калчо-лигата на Наполи, но македонскиот ас сепак е дел од плановите на тренерот Спалети, кој не дозволува негово заминување до крајот на овој преоден рок.

„Наполитанците“ денеска одиграа пријателски меч со Јуве Стабија, на кој Спалети му ја додели токму на македонскиот дијамант капитенската лента. Мечот беше искористен за тренерот да ги види на дело новите фудбалери, во стартниот тим се појавија Симеоне, Распадори и Ндомбеле, а Елмас беше задолжен за организација на нападите, како дел од средниот ред на својот тим.

Наполи славеше со 3-0 со три гола постигнати во второто полувреме, чии стрелци беа Ндомбеле, Амброзино и Зербин.