Елисејската палата демантира дека Макрон планира да поднесе оставка

Елисејската палата демантираше тврдења на медиуми дека францускиот претседател Емануел Макрон планира да поднесе оставка со цел да распише предвремени избори, што тој, наводно, ги предложил на видео конференција со донаторите на неговата партија.

„Претседателот никогаш не учествуваше на видео конференција со донатори и никогаш не спомена можна оставка. Информациите објавени од „Фигаро“ се лажни“, изјави официјален претставник на Елисејската палата.