Елисејската палата негира дека Трамп му кажал на Макрон за своите планови за Иран

Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти во вторникот вечерта дека американскиот претседател Доналд Трамп не му дал никакви сигнали за тоа што планира да каже подоцна вечерва во врска со повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран.

Во одговорот на прашањето на агенцијата Reuters, Елисејската палата го негираше тврдењето на дневниот весник The New York Times. Според американскиот весник, Трамп во телефонски разговор воден неколку часа пред да ја соопшти својата одлука, на францускиот колега наводно му кажал дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Иран.

Како што во продолжение, пишува весникот, Трамп истовремено најавил дека повторно ќе ги воведе сите санкции коишто беа замрзнати според споменатиот договор, но и дека ќе наметне дополнителни економски мерки против Техеран.