ВИДЕО: Ова е елитниот одред што го чува Ким Џонг ун

Како изгледа елитниот одред што го чува Ким Џонг ун? На видео-снимката што минатата година беше поставена на видео сервисот Јутјуб се гледа тренингот на елитните групи кои, како и се друго во Северна Кореја, се под команда на Ким Џонг Ун.

Северна Кореја: Една од најголемите светски вооружени формации
Северна Кореја: Една од најголемите светски вооружени формации

Иако оваа земја е една од најслабите економии во светот, сепак Северна Кореја е една од највооружените формации. Во состав на нејзината можна армија има и специјални елтини одреди чии специјалци претставуваат ултимативни машини за убивање.

Една од најголемите светски вооружени формации

И покрај повеќедецениската сиромаштија и меѓународната изолација, Северна Кореја успева да остане сериозна закана за безбедноста на југот, а воопшто и на цела Азија.

Вкупната популација на земјата изнесува 23 милиони, а земјата поседува војска која брои дури 1,1 милион луѓе, што претставува една од најголемите светски вооружени формации.

Северна Кореја: Една од најголемите светски вооружени формации
Северна Кореја: Една од најголемите светски вооружени формации

Се смета дека повеќе од една четвртина од државниот буџет во земјата оди на финансирање на војската.

Сепак, она што го овозможува одржувањето на оваа војска, која би можела во однос на бројноста да се стави во ист кош со американската или руската, е долгиот воен рок, којшто трае од три до пет години и фактот дека скромните финансиски сретства и храната што земјата ги поседува се пренасочуваат првенствено за потребите на војската.

Елитниот одред што го чува Ким Џонг ун

Со резервата и парамилитарните организации како што се „Младите црвени гардисти“ и „Работнилко – селанска црвена гарда“ (еден вид територијална одбрана), се смета дека Северна Кореја може да се собере околу 9,5 милиони борци.

На видео-снимката што минатата година беше поставена на видео сервисот Јутјуб се гледа тренингот на елитните групи кои, како и се друго во земјата, се под команда на Ким Џонг Ун.

Војниците на видео снимката демонстрираат вештини, сила и издржливост. Еве како изгледа тоа.