Елмас ја имаше шансата на мечот за Наполи, но Хандановиќ го запре (ВИДЕО)

Македонскиот дијамант Елиф Елмас имаше шанса по Милан да го урне и првакот Интер во оваа сезона, но неговата колосална шанса на средина од второто полувреме успеа да му ја одбрани голманот на „нераѕурите“, Самир Хандановиќ и да не дозволи победа за прво место во Серија А на Наполи.

Наполи и Интер на „Диeго Марадона“ ремизираа 1-1, по што првакот остана со бод предност пред наполитанците, но и со меч помалку, па на ремито најмногу се израдува Милан кој сега има шанса да го освои лидерското место. А, сѐ можеше да биде поинаку ако Елмас погодеше.

Откако Хандановиќ одбрани, Елмас се фати за глава, свесен дека промаши шанса која можеше да значи и победа.