Она што долго се очекуваше да биде објавено, а тоа се примањата на фудбалерите во Серија А. А таму се наоѓаат и нашите Елмас, Пандев, Несторовски.
Според објавата на италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ најмладиот, односно Елиф Елмас е најплатениот Македонец во Серија А.
Договорот на Елмас со Наполи му носи 1,5 милиони евра годишно, по него следуваат Илија Несторовски во Удинезе со 700.000 евра и Горан Пандев во Џенова со 500.000 евра.