Елвис не умрел од предозирање!?!

Ново открие на смртта на кралот на рокенролот.

Светот  со години  веруваше дека кралот на рокенролот, Елвис Присли, починал од предозирање, но последните ДНК анализи на неговата коса покажуваат дека Присли, сепак умрел од нешто друго.

Според резултатите пејачот имал хипертрофична кардиомиопатија, инаку генетска болест на срцето, која се манифестира со неправилно работење на срцето, замор, вртоглавици и висок крвен притисок.

Ова значи дека музичката икона без разлика на својот животен стил уште од раѓањето била предодредена на рана смрт. Косата на Елвис е анализирана ако дел од документарната серија „Dead Famous DNA” која ја разгледува ДНК-та од познатите личности.

„И Елвис и неговиот доктор со години биле обвинувани за неговата прерана смрт. Се веруваше дека Кралот си пресудил себе си така што се прејадувал и предозирал со лекови. Иако тие зависности дефинитивно допринеле за лошото здравје, новите докази покажуваат дека Елвис имал грешка во ДНК-та и дека раната смрт била во неговата судбина“, објаснува научникот Марк Еванс.

При ДНК анализата е утврдено дека Присли имал мутации на неколку хромозоми кои освен проблеми со срцето му предизвикале и склоност кон зголемување на тежината, висок очен притисок и мигрени.

Кралот на рокенролот почина на 16-ти август 1977-ма во 42-та година од својот живот.