Европската аганција за лекови (ЕМА) објави во понеделникот дека лицата со слаб имунитет би требало да ја примат третата доза од вакцините на „Pfizer/BioNTech“ и на „Moderna“, а на државите им ја преушти одлуката за дополнителната ткн „бустер“ дозаза пошироката популација.
Пред ЕМА да ги објави новите насоки во врска со дополнителната доза од вакцините против коронавирусот, неколку земји членки на Европската унија веќе ги започнаа националните кампања за вакцинирање со трета дози за одрдени категории од своет население, иако се разликуваат по прашањето на групите за кои таа се препорчува.
Со тоа ЕУ им се придружи на САД, Велика Британија и Израел чиишто егулаторни тела го одобрија користењето на третата доза од вакцината на „BioNTech“, иако кај научниците не постои консензус за тоа дали третите дози се потребни. Израел е единствената земја која целото население го имунизира со третата доза од вакцината против Covid-19.
Владите се под притисок на заживувањето на паднатите економии, борбата против позаразната делта варијанта на коронавирусот и избегнување на новите „затворања“ во претстојните зимски месеци.
Минатата седмица Европскиот центар за контрола и превенција на болестите (ECDC) предупреди дека вакцинираноста во ЕУ е недоволна и дека постои ризик од значителен раст на бројот на заразените, хоспитаизираните и починатите во следните шест седмици.
Од ЕМА велат дека имунокомпримитираните лица би требало да ја примат третата доза од вакцините кои се засноваат на новата технологија на иформационата рибонуклеинска киселина (mRNK) кои ги произведуваат американските фармацевтските компании „Pfizer“ и „Moderna“ 28 дена по примањето на втората доза.
Заклучиле, исто така, дека „бустер“ дозата од вакцината на „Pfizer“ може да се разгледува за сите возрасни со нормален имунитет околу шест месеци по втората доза, истакнувајќи притоа дека одлуката за тоа е на поседините земји.
„На национално ниво, телата во јавното здравство може да издадат службени препораки за упоптребата на дополнителните дози, земајќи ги предвид новите податоци за ефикасноста и ограничните податои за безбедноста“, се наведува во соопштението на ЕМА.
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ги критикуваше богатите земји поради кампањите за вакцинирање со третата доза, додеак во сиромашните земји вакцините против Covid-19 сѐ уште недоволно се достапни за населението.
Дозволувањето на државите од ЕУ да се решат за пошироката употреба да дополнителните дози во согласност е во согласнот со поранешните одлуки на ЕМА во текот на пандемјата, како онаа за ограничувањето на употребата на вакцините порад можни нус-појави.