Јеменската Влада и сепаратистите постигнаа мировен договор

Меѓународно признатата Влада на Јемен и сепаратистите поддржани од Обединетите Арапски Емирати, потпишаа договор за поделба на власта со цел да се стави крај на борбите, јави Ал Џезира.

Саудиската државна телевизија денеска јави дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман објавил дека е постигнат договор меѓу јеменската Влада и сепаратистите од југот со кој се става крај на борбата за доминација на југот на оваа сиромашна блискоисточна земја, која со години е зафатена од разни разорувања.

Принцот Мохамед го опиша Договорот од Ријад како клучен чекор кон политичко решение на за четиригодишната крвава војна во Јемен.

Деталите од договорот не се соопштени, а церемонијата по повод потпишувањето во живо ја емитуваше саудиската државна телевизија. Дипломатски извори изјавиле дека договорот повикува на реформа на Владата на Јемен со цел во неа да се вклучат и сепаратистите.

Според истите извори, нивните вооружени сили се ставени под контрола на државните власти.

Сепаратистичкото движење поддржано од ОАЕ, кое бара власт во јужен Јемен, во август се судри со владините трупи и ја презеде привремената администрација во градот Аден.