Јеменските бунтовници тврдат дека заробиле стотици Саудијци

Јеменските бунтовници од шиитската заедница Хути објавија во саботата ноќта целосно уништиле три бригади и дека заробиле стотици Саудијци во големата офанзива против сунитската арапска коалиција што ја предводи Саудиска Арабија која војува против нив од 2015 година.

Милицијата Анасар Алах заробила илјадници припадници на „странските сили“, вклучително и стотици саудиски војници, во оперција која била насочена на југозападната покраина Наџран, објави воениот портпарол на Хутите, Јахија СареО. Бунтовниците заплениле и големо количество оружје, додаде, за мрежата al-Masirah која ги поддржува Хутите.

„Станува збор за најголемата операција откако почна агресијата на нашата земја. Операцијата резултираше со целосно уништување на три бригади на непријателските (саудиски) сили, заплена на големо количество воена опрема, вклучително стотици возила и оклопни возила, заробување на илјадници непријатслки војници, главно предавници и прогонети (јеменски милиции лојални на поранешниот претседатле Абд Рабух Мансур Хади). Повеќе стотици беа убиени и рането во операцијата“, истакнал Саре на прес-конференција.

Висок јеменски воен претставник истакнал дека саудиски команданти, офицери и војници се меѓу заробените.

„Само 72 часа по почетокот на операцијата, нашите сили направија целосна опсада на непријателските трупи. Три бригади на предовниците со единици на саудиска армија беа целосно уништени, а голем број лица се заробени“, рекол Саре.

Засега објавта на Хутите не ја коментираше коалицијата предводена од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Претходно во септември Хутите ја преземаа одговорноста за нападите на двете најголеми саудиски нафтени постројки, но официјален Ријад и САД вината му ја припишаа на Иран, регионалниот тивал на Саудиска Арабија. Една од најсиромашните арапски земји Јемен во 2014 година влезе во граѓански конфликт меѓу шиитските бунтовниици Хути и сунитската влада која ја поддржува Ријад а ја обвинуваа дека не сака да се справи со јеменската мрежа на Ал Каеда кој се прошируваше на северот од земјата. Саудијците стравуваат дека Хутите кои ја контролираат престолнината Сана и неколку ваќни пристаништа, ќе му овозможат на Иран стратешки пристап на Арапскиот полуостров.