Емилија Зографска, менаџер во одделот за односи со јавност во телекомуникацискиот опреатор ОНЕ е единствената добитничка од Македонија на PRO.PR Awards 2014. Наградата беше доделена во рамките на 12 тата PRO.PR конференција за односи со јавноста која од 26 – 29 март се одржа во Сараево.
Наградите се доделуваат на поединци од регионот кои на стручен, етичен и креативен начин постојано допринесуваат за развој во струката односи со јавност во регионите.
„Чест е да се биде носител на оваа награда особено што доаѓа од професионалци во фелата. Иако е лична сепак е колективна бидејќи единствено тимската работа во ОНЕ е гаранција за успех. Продолжувам со уште поголема одговорност и заложба за унапредување на професијата”, изјави Зографска на свеченото доделување на наградите во Сараево.
Добитници на PRO.PR 2014 се и: За Хрватска Ања Линиќ Сикавица (Агрокор), Оливера Меџугорац (Нестле Адриатик) и Сандро Баричевиќ (Кока Кола), За Словенија Мојца Бељан (Обична Копер) , Тамара Валенчич (Симобил),за Босна и Херцеговина Мирна Шоја (МВР Република Српска),Дуња Мијатовиќ (ОБСЕ), Едо Нумиќ (Виолета). Добитници за Србија се Жана Ранковиќ ( Сава осигурување) , Маја Шотра (Филип Морис).
Меѓу наградените се и Бетул Мардин (Република Турција), Кормак Лијам Смит (Велика Британија) , Џорџ Елис Руано (Белгија), Одри Бараников (Русија).
Овие награди се доделуваат од 2011, кога се оддржа 10-ти годишнината на оваа престижна конференција на која присуствуваа голем број експерти по комуникација од регионот.