Емиратската сонда „Hope“ ја испрати првата фотографија од Марс

Вселенската сонда „Hope“ (Надеж, односно Амал на арапски), којашто ја лансираа Обединетите Арапски Емирати пред половина година, во неделатата ја испратила својата прва фотографија од Марс, објави премиерот на ОАЕ и суверен на емиратот Дубаи, Мухамед бен Рашид,

„Од височина од 25 илјади километри над површината на Црвената планета. Првата снимка на Марс од првата арапска сонда во историјата“, напиша емирот Мухамед бен Рашид на Twitter објавувајќи ја фоторгафијата која ја испратила сондата.

Во вторникот автоматската меѓупланетарна станица „Hope“ влезе во орбитата на Марс, со што ОАЕ станаа петтата земја во светот која дојдоа до Црвената планета. Сондата влезе во марсовата орбита според планираното, по што го започна процесот на забавување за да биде привлечен од гравитацијата.

Сондата прелета од Земјата до Марс речиси 500 милиони километри, откако беше лансирана на 20-ти јули минатата година со јапонската ракета носач „H-IIA“ од вселенскиот центар Танегашина во Јапонија. Леталото нема да се спушта на Марс, туку ќе кружи околу него собирајќи податоци за атмосферата и временските прилики.

Целосно конструирана од арапски научници и инженери, вселенското летало стаса во Марс во 2021 година, кога Обединетите Арапски Емирати одбележуваат 50-годишнина од основањето. Властите на Емиратите ја нарекота првата арапска мисија на Марс и проектот го водеа под мотото кое го напишаа на сондата „Ништо не е невозможно“.

Емиратите планираат обемна мисија за вселенски истражувања наредните години, која започна со првиот космонаут Хазаа ал-Мансури на Меѓународната вселенска станица во 2019 година. Во моментов во ОАЕ се избираат нови кандидати за вселенскиот тим на Емиратите и планираат основање колонија на Марс.

Емиратската мисија е само една од трите коишто овој февруари за цел го имаат Марс. На 10-ти февруари во атмосферата на Црвената планета кинеското вселенско летало без екипаж „Tianwen-1“ која во следните околу три месеца, ќе се обиде да го испрати лендерот со 240 килограми тешкиот ровер во брзото седумминутно спуштање во областа наречена Утопија Планитиа на северната хемисфера на Марс.

Доколку спуштањето биде успешно, кинескиот ровер кој се напојува со соларна енергија ќе ја истражува површината на Марс во текот на 90 дена, проучувајќи ја почвата во потрага по знаци за древен живот. Со помош на посебен радар кој продира под поврината на почвата ќе истражува дали постојат под неа вода и мраз.

Во најмабициозната досега американска мисија на Марс, една тона тешкиот ровер „Perserverance“ треба да стаса на 18-ти февраури. Веднаш ќе направи обид да атерира во карпестата депресија со стрмни падини нареченеа Кратерот Езеро.