Откако претрпеа нов убедлив пораз, овој пат од Лацио со 4:0, веќе е јасно дека Џенова ќе го менува тренерот.
Аурелио Андреацоли се наоѓа во голема опасност и многу е веројатно дека тој наскоро ќе добие отказ.
„Скај Спортс“ пренесува дека Џенова веќе ги разгледува опциите за наследник на Андреацоли, а во моментов најсериозен кандидат за клупта на тимот е легендарниот Џенаро Гатузо.
Проблем за Џенова би можел да предизвика фактот што и Милан се интересира да го врати Гатузо кој си замина од клубот по крајот на минатата сезона за да отвори место за Марко Џампаоло кој на катастрофален начин ја почна сезоната во Серија А.