Џенифер Анистон ќе го помине Божик осамена (ФОТО)

Ако спаѓате во групата на оние кои се чувствуваат осамено за време на празниците, особено оваа година, не тагувајте, затоа што исто поминуваат и најголемите холивудски sвезди, па дури и Џенифер Анистон, на чија слава и финансиски статус речиси ѝ нема рамна во Холивуд.

Џенифер Анистон ќе има многу осамен Божик кој е многу поразличен од претходните божикни прослави што ги имала во последните неколку години.

„Heat UK“ тврди дека Анистон е многу тажна затоа што мора да ги откаже сите свои божикни планови поради ковид-19. Извор за таблоидот додава дека Анистон разбира дека 2020 година била тешка година за сите. Меѓутоа, она што особено ѝ предизвикало тага е фактот дека не може да го прослави Божик со своите најблиски. Sвездата на „Пријатели“ морала да го откаже својот долгогодишен ритуал на кастрење на божикните стебла поради пандемијата на коронавирусот, неможноста да им направи раскошна божикна гозба на семејството и пријателите, како што секогаш приредува. Таа, исто така, со години наназад новогодишните празници ги поминува во своето омилено летувалиште Кабо Сан Лукас во Мексико.

Наместо тоа, Анистон ќе остане дома и ќе го слави Божик со своите кучиња кои ги спаси од засолништето за напуштени животни.

Сепак, изворот тврди дека постои можност Анистон да има неколку пријатели покрај себе за Божик. Едно од имињата што ги споменува таблоидот е Кортни Кокс, која е многу блиска со Анистон уште од времето кога глумеа во „Пријатели“. Меѓутоа, повторното обединување на Кокс и Анистон првенствено зависи од божиќниот план на Кортни Кокс и нејзината ќерка Коко. Таблоидот исто така тврди дека Анистон, доколку биле безбедни и можни патувања во странство, би го славела Божик во Мексико.

Анистон лани за Божик имала интимна забава со своите најблиски пријатели, на која бил присутен и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

 

https://www.instagram.com/p/B9SmF12hOS9/?utm_source=ig_embed