Откако пред два дена го отвори својот официјален профил на Instagram и со тоа ги израдува фановите, американската актерка, 50-годишната Џенифер Анистон сега влезе во Гинисовата книга на рекорди. Имено, покрај тоа што со својата прва фотографија собра зачудувачки речиси 12 милиони лајкови, ѕвездата на хит серијата „Пријатели“ успеа да се приклучи и на славниот светски список на рекорди.
Според официјалниот Instagram профил на Гинисовата книга на рекорди, Џенифер за најкусо време успеа да има милион следбеници. Имено, со првата фотографија со нејзините колеги од сетот на „Пријатели“, за само пет часа и 16 минути имаше милион пријатели на социјалната мрежа, а моментално има 12 милиони фанови.