Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез ја откажаа својата венчавка поради пандемијата на корона вирусот, а сега се појавија деталите од предбрачниот договор, што многумина шокирале.
Имено, една од причините зошто тие ја ставија венчавката во мирување е обемниот предбрачен договор. Сепак, токму тој бил причина за нови, големи несогласувања во врската на латино дивата и шест години помладиот поранешен бејзбол играч. Покрај тоа, пејачката е подготвена да ја прекине врската доколку нејзиниот избраник одбие да го потпише договорот напишан од нејзините адвокати.
“Предбрачниот договор во голема мера ги отуѓи и тие често се караат. Џенифер е подготвена да го нарече Алекс измамник и да го остави ако одбие да потпише”, открил извор близок до славната двојка.
„Проблемот е во тоа што и двајцата се навикнати да бидат со помалку познати и богати луѓе и очекуваат другата страна едноставно да се согласи на сите нивни барања“, додал изворот.