Јенот најголем добитник во јули

На валутните пазари индексот на доларот, кој ги мери перформансите на американската во однос на шесте најважни светски валути, претпладнево изнесува 104,41 поен и е на пат да падне за 1,36 отсто од почетокот на јули.

Курсот на јенот зајакна за 0,2 отсто во однос на доларот, така што доларот изнесува 152,465 јени. Јапонската валута е на пат да добие 5,5 отсто во однос на доларот од почетокот на јули, што е нејзино најдобро месечно остварување од ноември 2022 година.

На почетокот од јули јенот во однос на доларот беше на најниско ниво во последните 38 години, односно доларот изнесуваше 161,96 јени, бидејќи јазот меѓу каматните стапки во Јапонија и остатокот од западните развиени економии се зголеми. Сепак, неколку фактори, како што се девизната интервенција на јапонските монетарни власти и продажбата на акции, помогнаа јапонската валута да се опорави на највисокото ниво во однос на доларот во последните 12 седмици.

Курсот на еврото, пак, зајакна за 0,06 отсто во однос на доларот, на 1,0823 долари, додека од почетокот на јули е во плус за 0,95 отсто.

На нафтените пазари цената на барел нафта од типот Brent во Лондон во средата се зголеми за 0,5 отсто, на 79,02 долари, а WTI на американскиот пазар за 0,67 отсто, на 75,23 долари.