Мнозинстовото пратеници од ЕП гласаа да се обезбеди заштита за Сноуден. Европарламентарците гласаа за измените со кои ќе се обезбеди заштита за „свиркачот“ и поранешен соработник на НСА Едвард Сноуден.
Според Сноуден овој потег ја „менува играта“ и е „шанса за движење напред“.
Европратениците побараа од земјите членки на ЕУ да ги „отфрлат сите обвиненија против Едвард Сноуден, да му гарантираат заштита и соодвествено да ги превенираат мерките за прогонство или екстрадиција од страна на трети земји и да му се признае правото на „свиркач“ и заштитник на меѓународното човеково право“, се вели во извештајот на ЕП, пренесува Раша Тудеј.
За предлогот 285 европратеници гласале „за“, а 281 биле „против“ што покажува колкава е подоленоста во европската политичка елита по однос на ова прашање.
Инаку против Едвард Сноуден, кому му беше одобрен азил во Русија, во САД се поднесени повеќе обвиненија, меѓу кои и за шпиоинажа.