Епидемиолошката анкета ќе одреди дали сите пратеници ќе одат во самоизолација

Епидемиолошката анкета која ја спроведуваат лекарите од Центарот за јавно здравје Скопје ќе одлучи даи сите пратаници во Собранието ќе одат во самоизолација, откако вчера на Инфективната клиника во Скопје бил хоспитализиран пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски со симптоми на ковид-19.

Како што пишува „СДК.МК“  претседателот на Собранието, Талат Џафери, веќе го контактирал д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести и бил известен дека епидемиолози од Центарот за јавно здравје ќе ги анкетираат пратениците поединечно за контактите со него, по што ќе се одлучи дали сите 120 пратеници ќе одат во самоизолација или поединци.

Пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски вчера бил хоспитализиран на Инфективната клиника, откако имал покачена температура и симптоми на коронавирус.