Научниците и епидемиолозите од шпанскиот Национален совет за истражувања (CSIC) препорачуваат лицата кои ја користат подземната железница и јавниот превоз да не разговараат меѓусебно или преку мобилни телефони во текот на возењето, за на тој начин да се спречело ширњњето на коронавирусот, пишува дневниот весник La Vanguardia.
Своето мислење го образложиле со податоците според коишто со воведувањето на ваквите мерки ризикот од заразата би можело значително да се намали.
Некои епидемиолози во светот бараат со месеци остри мерки за да се спречи ширењето на коронаинфекциите преку воздухот. Покрај одржувањето на физичкото отстојание, личната хигиена и носењето маски, вентилацијата на просториите е една од клучните мерки за спречување на заразите со коронавирусот. Се вели дека е докажано оти вирусот може да се пренесе преку аеросоли, поради што во повеќето објекти, како училиштата на пример, прозорците треба да се држат отворени за просторот во кој престојуваат повеќе луѓе да биде постојано проветруван.
Научничката од шпанскиот CSIC и експертка за атмосферски аеросоли, Марија Круз Мингуиљон, ја истакнува важноста од проветрувањето на просториите, но смета и дека би било добро да се почитува уште една мерка: да се молчи, односно да не се разговара за време на возењето со јавниот транспорт.
Мингуиљон ја изненади целата јавност со своето барања велејќи дека „би било идеално кога на влезовите во подземната железница би стоеле натписите: Тишина во метрото“.
Објаснува дека „молчењето со правилното носење на маските придонесува за минимален ризик од преносот на коронавирусот“.
Мингуиљон додава и дека во подземната железница наводно нема никаква вентилацијаи дека доколку некој е заразен со коронавирусот а се вози со метрото, многу е важно воздухот да биде што помалку за загаден со вируси.
Токму затоа, вели Мингуиљон, им препорачува на корисниците на јавниот сообраќај да не разговараат ниту меѓусебно, ниту преку мобилен телефон.
„Доколку разговараме гласно преку мобилен или со некое лице во текот на возењето со јавен сообраќај, а знаеме дека во метрото е вообичаено бучно, емитуваме 50 пати повеќе аеросоли“, тврди Мингуиљон.
Смета дека истата мерка би требало да се применува и во другите видови на јавниот сообраќај.
Вкупниот број случаи на зараза со коронавирусот во Шпанија, според здравствените власти, изнесува 1,19 милиони а починале досега како резултат на компликациите предизвикани од инфекцијата речиси 35.900 луѓе.
Земјата сега се соочува со, како што се чини, неконтролиран раст на новозаразените. Левичарскито премиер Педро Санчез на 25-ти октомври донесе уредна за воведување вонредна состојба во земјата која ќе трае сѐ до 9-ти мај, а е проследена со полициски час во целата земја, забрани за излегување и влегување во некои региони и општини, како и други рестриктивни мерки.