Палестина стана жртва на предизборните амбиции на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави во петокот Саеб Еракат, генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (PLO), по информацијата дела Србија својата амбасада ќе ја премести од Тел Авив во Ерусалим, а Израел ќе воспостави дипломатски односи со Косово, кое, исто така, својата дипломатска мисија ќе ја отвори во Светиот град.
„Тимот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе стори сѐ за да го осигури својот реизбор, без оглед на тоа дали тоа ќе го попречи мирот“, напиша Еракат на Twitter, алудирајќи на американските претседателски избори на 3-ти ноември.
Трамп пред средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, кои во Белата куќа разговара за нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, објави дека Србија се обврзала дека својата амбасада ќе ја пресели во Ерусалим, како и дека Косово и Израел ќе воспостават дипломатски односи.
Американскиот претседател во петокот рече дека Србија со тоа ќе стане првата европска земја која го следи примерот на Вашингтон, одлука за која се смета дека ќе го задоволи значајното евангелистичко избирачко тело на републиканскиот кандидат два месеца пред изборите во САД.
Истовремено Косово, земја со муслиманско мнозинство, се согласила на дипломатски врски со еврејската држава, додаде Трамп.
„Браво! Ќе ве следат другите муслимански и арапски земји“, напиша Трамп на Twitter истакнувајќи дека тоа е „уште еден голем ден за мирот на Блискиот исток“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека Косово, со кое по еднострано прогласената независност во 2008-та неговата држава немаше никакви врски, ќе биде „првата земја со муслиманско мнозинство која ќе отвори амбасада во Ерусалим“. Му се заблагодари на Трамп за неговиот „придонес“ за овие дипломатски успеси на Израел.
Веста за преселување на амбасадата на Србија во Ерусалим и особено воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Косово и Израел доаѓа неполн месец по веста за договорот за нормализација на односите со Обединетите Арапски Емирати и Израел, на кој исто така посредуваа САД.
Кампањата на Трамп договорите ги прикажува како голем дипломатски успех на неговата администрација, откако со својата одлука за преселувањето на американската амбасада во Ерусалим предизвика Палестинците да го прогласат деценискиот изралеско-палестински мировен дијалог за мртов.
„Ова е вторпат за помалку од еден месец Израел да се помирува и да ги нормализира односите со земја со муслиманско мнозинство“, истакна советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан, нарекувајчќи го Трамп „вистински миротворец“.
Србија одлуката ја донесе откако тоа го реши Трамп во мај 2018 година реализирајќи ја одлуката на американскиот Конгрес од 1990-те години која избегнуваа да ја спроведат досегашните американски претседатели, нарушувајќи го меѓународниот консензус и разгневувајќи ги Палестинците кои повеќе не сакаат Вешингтон да посредуваат во нивниот конфликт со Израел. Американскиот пример го следеше претходно и Гватемала.
Статусот на Ерусалим е едно од најчувствителните прашања во решавњето на израелско-палестинскиот судир. Палестинците Источен Ерусалим го посакуваат за главен град на нивната идна држава, додека Израел го прогласи Светиот град за „историска и недделива престолнина“ на еврејската држава.
Меѓународната заедница Источен Ерусалим го смета за дел од палестинската територија освоена од Израел во војната од 1967 година. Обединетите нации сметаат дека за ова мрашање мора да се договорат Израелците и Палестинците, како и дека другите земји не треба во меѓувреме да отвораат свои дипломатски мисии во Ерусалим.
Всушност најважниот состанок во петокот во Белата куќа, сепак, официјално беше посветен на „економската нормализација“ меѓу Белград и Приштина, која е во центарот на територијалниот и политички конфликт опасен по целиот регион. Меѓутоа, специјалниот претставник на Трамп за ова прашање, Ричард Гренел, предупреди дека може да се очекуваат „изненадувања“, по што особено српската јавност беше вознемирена дека САД ќе изврши притисок за меѓусебно признавање.