Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека резултатите од изборот за Европскиот парламент, на кои победија евроскептиците и екстремно-десничарските партии, укажуваат на закана од ширење на расизмот во Европа.
Ердоган рече дека изборите, покажуваат дека долгогодишната турска загриженост за расизмот и дека зголемувањето на бројот на расистичките напади во Европа стануваа легитимни.
Во своето обраќање пред членовите на парламентот, Ердоган додаде дека членството на Турија во Европската Унија, земја која е главно со муслиманско население, би послужила како лек за расизмот и антисемитизмот во Европа.
„На Европа повеќе и е потребна Турција, отколку што на Турција и треба Европа“, рече Ердоган.
Преговорите за пристапување на Турција кон Унијата започнаа во 2005 година, но се одвиваат споро поради проблемот кој Турција го има со Кипар, која е членка на Унијата, како и поради големиот број на жители кои ги има оваа држава, а кои се повеќето муслимани.
Турција кандидатскиот статус за членство го има од 1999 година.