Ердоган ги критикуваше санкциите на САД како непочитување на сојузниците

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во петокот дека санкциите на САД кон неговата земја се одраз на непочитување кон важниот сојузник во НАТО.

„Турција ќе биде трпелива и ќе види какви ќе бидат односите со новата администрација од следниот месец“, посочи Ердоган.

Претходно американските медиуми објавија дека САД би можеле да воведат дополнителни санкции кон Турција поради набавката на рускиот противракетен систем „С-400“.

САД и Турција подолго време имаат несогласувања, за купувањетона руско оружје, за политиката за Сирија и за други прашања.